Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОРВЕШКА ПРИВЛЕКУВА РАБОТНИЦИ: Даваат десет пати поголема плата

НОРВЕШКА ПРИВЛЕКУВА РАБОТНИЦИ: Даваат десет пати поголема плата

Хрватски лекари масовно заминуваат во Норвешка каде се нудат десет пати поголеми плати.

Според податоци од Хрватската лекарска комора откако земјата влезе во ЕУ, 1100 лекари подготвиле документи и побарале од комората да го напуштат системот.

Овој тренд ќе продолжи поради примамливите понуди од европските земји.

„Побарувачката за хрватски лекари е голема, затоа што се познати како многу вредни и добро образовани. Одредени болници дури инсистираат на хрватски лекари. Од друга страна понудите кои се даваат на лекарите се фантастични. Почнавме пилот проект со Норвешка, земја која не е во ЕУ, но има одличен стандард и на лекарите им нуди одлични услови“ - вели Зринка Гугиќ, која има фирма за посредување за работа во странство.

Таа додава дека животот на северот на Европа е поволен за цени, даноци и плати.

Откако ќе потпишат договор со болница во Норвешка, лекарите мора да го изучуваат норвешкиот јазик.

Курсот се реализира шест месеци во Хрватска, а за тоа време лекарите добиваат стипендија од болницата.

Медицински кадар се бара и за во Шведска каде се отвараат нови болници.

Слично

Поврзани вести