Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОРВЕШКА ГО ВРАТИ „НОРМАЛНИОТ ЖИВОТ“, ГЕРМАНИЈА ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ УКИНУВА СÈ: Пандемијата не им може веќе ништо

НОРВЕШКА ГО ВРАТИ „НОРМАЛНИОТ ЖИВОТ“, ГЕРМАНИЈА ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ УКИНУВА СÈ: Пандемијата не им може веќе ништо

Норвешка ги укинува сите преостанати регулативи воведени за сузбивање на ширењето на корона вирусот, бидејќи е многу малку веројатно дека Ковид-19 ќе ги загрози здравствените услуги, изјави премиерот, Јонас Гар Стоере.

Одлуката стапува на сила од денеска.

-Ги отстрануваме речиси сите мерки воведени за борба против ширењето на корона вирусот. Пандемијата повеќе не е закана за повеќето од нас. Сојот омикрон предизвикува помалку сериозни болести и ние сме заштитени со вакцини“, нагласи Стоере.

Норвежаните повеќе нема да мора да држат растојание од најмалку еден метар, ниту да носат маски. Отстранувањето на овие мерки значи и отворање на ноќните клубови и други места за забава.

Патниците кои доаѓаат во Норвешка повеќе нема да мора да го пријавуваат своето пристигнување однапред, а Владата го укинува и задолжителниот доказ за негативен резултат од тест за Ковид.

Истовремено, и Германија најави укинување на сите мерки од следниот месец, ќе остане само таа која се однесува на носењето маски. Земјата планира да го прослави „Денот на слободата“ на 20 март, кога треба да „паднат“ сите епидемиолошки мерки, тврди весникот „Билд“.

Весникот наведува дека премиерите на покраините веќе подготвиле одлука со која се предвидува план за олеснување на мерките во три чекори.

Најпрво ќе се ублажат мерките кои се однесуваат на приватните прослави, бидејќи во моментов има ограничување на бројот на присутни до максимум десет лица.

Се планира и укинување на контролата на статусот на вакцини за влез во продавниците.

Од 4 март треба да се укинат рестрикциите кои важат во угостителството и хотелите, а планирано е и отворање на ноќните клубови. Тоа значи дека ид почетокот на март, во локалите и и во хотелите ќе се применува правилото „3G“ со кое невакцинираните ќе можат да доаѓаат во кафулињата доколку имаат негативен тест.

Во дискотеките и ноќните клубови ќе им биде овозможен пристап на оние кои се вакцинирани, кои ја прележале инфекцијата, како и со негативен тест, или бустер доза.

Исто така, големи настани, како фудбалски натпревари, ќе бидат отворени според правилото „2G“ или „2G plus“.

Најновите епидемиолошки мерки ќе „паднат“ на 20 март, кога ќе бидат укинати сите мерки за ограничување на слободата на граѓаните.

Сепак, обврската за носење маска ќе остане.


Слично

Поврзани вести