Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нормализиран сообраќајот кон Грција - Стар Дојран отворен

Нормализиран сообраќајот кон Грција - Стар Дојран отворен

Граничниот премин Стар Дојран, кој поради штрајк на грчките цариници беше затворен, е пуштен за секаков вид на сообраќај.

Ова го соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Заради штрајкот на грчките цариници, границата со Грција можеше да се мине само пеш. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Слично

Поврзани вести