Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОЌВА ЌЕ СЕ ШТИТАТ ОБЈЕКТИ, ДОМОВИ И ИНФРАСТРУТУРА, ЗА ПОЖАРОТ ДА НЕ ДОЈДЕ ДО НИВ: ЦУК со важно соопштение за пожарот кај Блаце

НОЌВА ЌЕ СЕ ШТИТАТ ОБЈЕКТИ, ДОМОВИ И ИНФРАСТРУТУРА, ЗА ПОЖАРОТ ДА НЕ ДОЈДЕ ДО НИВ: ЦУК со важно соопштение за пожарот кај Блаце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции. Лично на терен се директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои обезбедуваат директна поддршка и координирано делување на сите ангажирани служби, соопштија веќерва од ЦУК.

„Се работи за пожарот во атарот на селото Блаце, општина Чучер Сандево.

Поради висок ризик, ноќе не е препорачливо и е доста ризично да се гаси пожар на отворен простор, особено по ридови. Во текот на ноќта се штитат само објекти, домови, инфраструктура и се преземаат мерки за заштита на животот и здравјето на луѓето.

На терен се ангажирани неколку екипи со повеќе возила кои активно гаснат и се обидуваат да го пресечат пожарот за да не се прошири кон куќите во селата. Вечерва тоа е приоритетната задача.

Утре од 5:00 часот наутро ќе се дејствува со 3 хеликоптери. Организирано е полнењето на ведрата преку специјализирани базени поставени од Црвен крст во Стенковец.

Дополнително, се организираат уште возила и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Апелираме на внимателност и разбирање од граѓаните!“, се вели во објавата на социјалните мрежи. 




Слично

Поврзани вести