Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОЌНИ СОБРАНИСКИ ПРЕПУКУВАЊА: Спикерот и опозиционерите се „надмудруваа“-Џафери со цртеж порача „Забрането спиење на пратеници“

НОЌНИ СОБРАНИСКИ ПРЕПУКУВАЊА: Спикерот и опозиционерите се „надмудруваа“-Џафери со цртеж порача „Забрането спиење на пратеници“

За секоја побарана пауза од 1 час, спикерот Талат Џафери најави дека пратениците ќе одработат после 18 часот.

Така собранискиот претседател закажа собраниска седница по полноќ, односно во 01 часот која заврши по 3.30 и истата ќе продолжи денес во 13 часот.

За тоа време колку што траеше седницата, опозиционерите водеа меѓусебни реплики и се препукуваа со спикерот за тоа колку е коректен. 

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ го обвинуваат Џафери дека има некоректен однос кон 51 пратеник од опозицијата.

Димовски му посочи на Џафери дека Собранието не се води со инает туку со коректност на што спикерот му возврати дека бадијала повикуваат на коректен однос, кога самата опозиција се однесува некоректно.

Во однос на главната расправа на завршната сметка на Буџетот за 2016 година, пратениците од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека работеле домаќински, за разлика од нив владеачкото мнозинство го тврди спротивното, затекнале големи задолжувања на државата и нерационални трошења.

Ноќните собраниски игри беа проследени од нови цртежи наспроти утринскиот  „Тишина молам!“, ноќеска Џафери постави „Забрането спиење на пратеници“ и „Не е препорачливо да го разбудиш заспаниот лав“.

Слично

Поврзани вести