Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ноќни преговарачки сеанси - Димитров и Коѕиас во Виена

Ноќни преговарачки сеанси - Димитров и Коѕиас во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас вечерва се на средба во Виена, а утре ќе имаат заеднички состанок со медијаторот Метју Нимиц, соопштија од МНР.

Ќе се интензивира процесот на преговори за решавање на спорот со името, а на средбата ќе се разгледува предлогот на Нимиц.  Поддршка во процесот за решавање на спорот за името со Грција попладнево даде и турскиот претседател,  Реџеп Таип Ердоган на средбата со премиерот Зоран Заев, кој со владина и парламентарна делегација е во официјална посета на Турција. 

Ердоган вели дека тоа е добро за Балканот и за евроатлантските перспективи на Македонија. 

„Секоја држава има право сама да си го одреди името“- рече претходно на заедничката прес конференција со Заев турскиот премиер,  Бинали Јилдирим.

За сложено име за надворешна и внатрешна употреба што ќе важи за сите се залага грчкиот премиер Алексис Ципрас кој го изнесе по состанокот со пратеничката група на Сириза.

Преговорите меѓу Македонија и Грција беа обновени на 12 декември минатата година во Брисел. 

Според грчките медиуми, недедата што следи е клучна за решавање на спорот. 

Слично

Поврзани вести