Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ноќеска температури под нулата

Ноќеска температури под нулата

Mетеоролозите за денеска ја најавуваат најстудената вечер за овој месец. 

Температурите ќе се спуштат 5 степени под нулата, што ќе биде најниска температура од почетокот на месецот.  

Од утре до петок ќе преовладува претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Утре ќе дува слаб до умерен ветер, а во среда повремено засилен ветер од северозападен правец. Во петок и за време на викендот ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

И дневните и утринските температури ќе почнат да растат, а веќе од утре, ќе има и разведрување кое ќе донесе неколку сончеви денови, се до крајот на неделата. 
До крајот на февруари се очекуваат дневни температури меѓу 9 и 13 степени, а утрински околу нулата.

Слично

Поврзани вести