Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОЌЕСКА И УТРОВО НЕ СЕ ПРИМЕНИ ПАЦИЕНТИ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА - таа се уште е празна, но во целосна готовност

НОЌЕСКА И УТРОВО НЕ СЕ ПРИМЕНИ ПАЦИЕНТИ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА - таа се уште е празна, но во целосна готовност

Се уште нема пациенти во модуларната болница, која се наоѓа до Инфективната клиника и каде што ќе треба да се примаат новите болни од ковид-19, бидејќи е при крај капацитетот на другите одделенија.

Ова за Фактор го потврдија од Министерството за здравство, од каде велат дека изминатата ноќ и утрово се уште не се примени пациенти во модуларната болница, но таа е целосно подготвена и доколку има потреба, во неа веднаш можат да бидат хоспитализирани првите пациенти болни од коронавирусот.

Инаку, вчера здравствените власти информираа дека капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера за хоспитализација и третман на пациенти со КОВИД-19 е целосно подготвена модуларната болница.

Оваа болница има 72 болнички легла, а поставена во близина на клиничката зграда.

Тоа го потврди и министерот Венко Филипче кој соопшти дека од вчера во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар – доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8 Септември“. Појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да не трпат  останатите одделенија и здравствени работници.

Здравствениот систем е подготвен, но од Министерството за здравство апелираат до граѓаните на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести