НОЌ НА РАЦИИ ВО КОЧАНИ: Имаше многу полиција и инспектори, не плативме ни што испивме
Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, заедно со припадници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, ноќеска извршиле засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кочани по однос на прекршувања на законските одредби од повеќе закони – Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и други нормативи во ингеренции на овие институции.
Кочанчани кои присуствувале во кафулињата велат дека акцијата била дури застрашувачка, имало многу наоружена полиција и страв меѓу посетителите. На тие кои имале нарачано не им било дозволено да платат, требало само да излезат од кафулињата.
