Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нобеловците му се „намерачија“ на биткоинот: Бараат да се забрани

Нобеловците му се „намерачија“ на биткоинот: Бараат да се забрани

Добитниците на Нобелова награда и бизнисмени минатата недела не престануваа да го критикуваат биткоинот, валутата која е на пат да достигне вредност до 11 000 долари.

Најтешката проценка дојде од Нобеловецот Џозев Стиглиц кој рекол дека биткоинот треба да се забрани.

„Биткоинот е успешен само поради потенцијалот кој го има поради анонимност“, рекол Стиглиц.

Како што додал, биткоинот дури не е ниту општествено корисен.

Робер Шилер, исто така нобеловец апелираше инвеститорите да бидат внимателни бидејќи биткоинот нема поддршка ниту од владата, ниту од финансиските регулатори.

„Тоа е толку убава приказна“, рекол тој на една конференција во Литванија и додал: „Уште само да беше вистинска“.

Директорот на Голдман сакс Лојс Бланкфејн вели дека таа валута исклучиво е средство за измама. Додека милијардерот Карл Икхан тврди дека се работи за балон.

Петокот заврши со вредност од 10 700 долари за биткоинот.

Слично

Поврзани вести