Економија, финансии, бизнис

Контакт

„No English no problem“ - Владата ги растовари таксистите

„No English no problem“ - Владата ги растовари таксистите

Пред повеќе од четири години такси превозниците се сочија со законски измени во Законот за превоз во патниот сообраќај кои предизвикаа вознемиереност и низа штрајкови.

Имено, ним им беше наложено да имаат сертификат за познавање на англискиот јазик.

Со овие измени на таксистите им се даде рок да ги обезбедат сертификатите, а ресорното министерство ги плаќаше курсевите, кои се спроведуваа во 2015 година.

Со тие измени, освен што до 1 јануари 2017 година таксистите мораа горе-долу да го научат англискиот јазик за да можат да таксираат, добија и обврска до 2019 година, да го подобрат своето знаење на овој странски јазик, односно да го качат еден степен погоре.

Сепак, пред неколку месеци Министерството за транспорт и врски доби задача да подготви нови измени за превоз во патниот сообраќај, со една единствена новина – бришење на обврската таксистите кои работат во лиценцирани такси компании да мораат да имаат меѓународен сертификат за основно познавање на англискиот јазик.

Вчера пак на владината седница беше утврден новиот текст на Предлог-законот за изменување на Законот превоз во патниот сообраќај со кој се предлага укинување на обврската за познавање на англискиот јазик за такси превозниците

Предлог законот ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија на усвојување.

Слично

Поврзани вести