Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ Тутунска – Банка на годината според “Euromoney“

НЛБ Тутунска – Банка на годината според “Euromoney“
На 5 јули во Лондон, НЛБ Тутунска банка е прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2012 година од страна на угледниот финансиски магазин „EUROMONEY“. На свечената церемонија којашто се одржа на 5 Јули во Лондон, угледниот финансиски магазин „Euromoney“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2012 година. За најдобра банка во Македонија за 2012 година е прогласена НЛБ Тутунска банка. Наградата за најдобрите во банкарството се базира на постигнати извонредни финансиски резултати, највисок квалитет на продуктите и услугите на банката, иновативност во работењето и лидерство во банкарскиот сектор во 2011 година. Со успешните резултати кои ги остварува во континуитет, НЛБ Тутунска банка продолжува да биде меѓу најстабилните банки во Македонија и банка со многу меѓународни признанија.
Слично

Поврзани вести