Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ Тутунска банка ги намали каматите на кредитите за физички и правни лица

НЛБ Тутунска банка ги намали каматите на кредитите за физички и правни лица

НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на кредитните продукти за физички лица и депозитните продукти за физички и правни лица. Ова доаѓа како резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи и соодветно на тоа, намалувањето и на референтната каматна стапка.

Новите каматни стапки на кредитните и депозитните продукти се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за кредити и депозити.

Од 01.07.2013 година намалени се каматните стапки на кредитните продукти за физички лица (кредити, кредитни картички и лимит на трансакциска сметка), додека од 08.07.2013 година НЛБ Тутунска банка ги намали и каматните стапки на депозитните продукти за физички и правни лица.

Слично

Поврзани вести