Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ БАНКА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ: Еве за што станува збор

НЛБ БАНКА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ: Еве за што станува збор

Лажни СМС пораки за наводни поштенски пратки, со кои од корисниците се бараат лични податоци и финансиски средства, е измамата што повторно се актуелизира.
Од НЛБ Банка ги известуваат корисниците дека повторно се забележани СМС пораки поврзани со наводни поштенски пратки и линк кој води до лажна веб страница на АД „Македонски Пошти“.

„Доколку добиете СМС порака со ваква содржина, ве молиме не ги споделувајте податоците од вашата платежна картичка, ниту пак вашите лични податоци.

Се работи за лажни СМС пораки преку кои се прави обид за измама, односно злоупотреба на вашите лични податоци и финансиски средства“, велат од банката.


Слично

Поврзани вести