Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ БАНКА ЌЕ ИСПЛАТИ „ДЕБЕЛА“ ДИВИДЕНДА - повторно ќе ги наградат акционерите со висок принос

НЛБ БАНКА ЌЕ ИСПЛАТИ „ДЕБЕЛА“ ДИВИДЕНДА - повторно ќе ги наградат акционерите со висок принос

НЛБ банка, eдна од трите големи комерцијални банки во земајва ги објави Годишниот извештај од работењето за минатата година, но и плановите за распределба на добивката. 

Бруто износот по акција достигнува 2.571 денари и повторно се меѓу компаниите кои делат меѓу највисоките дивиденди во земјава, што е и причина за да бидат толку атрактивни.  

Согласно извештаите и документите споделени на Македонска берза, НЛБ Банка ќе ги награди акционерите со дивиденда во бруто износ од 2,19 милијарди денари или 35,7 милиони евра. 

- Согласно Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка и финансиските извештаи по НБРСМ методологија на НЛБ Банка АД Скопје за 2025 година, на акционерите им се исплатува дивиденда во бруто износ од 2.195.790.831 денари.

Износот на бруто дивидендата по акција изнесува 2.571 денари.

Исплатата на дивиденда ќе започне на 29.06.2026 година - се посочува во објавата на берза. 

За предлог-одлуката ќе се гласа на акционерското Собрание што ќе се одржи на 28 мај. Според дивидендниот календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е 9 јуни, а прв ден на тргување без тоа право е 10 јуни.

Пресек на листата на акционери кои ќе добијат дел од добивката ќе се направи на 11 јуни, а исплатата ќе започне на 29 јуни.  

НЛБ банка лани оствари добивка од 79,3 милиони евра.  


Слично

Поврзани вести