Њујоршка студија: И по вакцинација со две дози постои ризик од зараза со Ковид 19
За ревакцинираните
лица, ризикот да добијат ковида-19 сè уште постои, но процентот е „екстремно
низок“, покажува нова студија од Њујорк.
Од 417 вработени на Универзитетот Рокфелер кои биле целосно вакцинирани со Фајзер или Модерна, двајца од нив или околу 0,5%, имале значајна инфекција подоцна.
„Пронајдовме примери на инфекција по вакцинацијата кај луѓе кои имале клинички симптоми“, пишуваат истражувачите во студијата,објавена во New England Journal of Medicine, пренесува Си-Ен-Ен.
Тие додадоа дека „овие набудувања во никој случај не ја намалуваат важноста на вакцинацијата“.
„Покрај тоа, овие индикатори ни кажуваат дека ќе ни требаат нови бустери за вакцинирање (трета доза), како и пан-ковидна вакцина за да се осигураме од сите варијанти на корона вирусот“, се вели во студијата.
Истовремено, истражувачите откриле дека други видови на вирусот, освен оригиналниот, предизвикале инфекции по ревакцинацијата.
Варијанта која инфицирала еден од пациентите имала мутација E484K, која прво била пронајдена во варијантата B.1.351 првично идентификувана во Јужна Африка. E484K е наречен „мутант кој бега“ затоа што покажал дека може да избега од некои антитела произведени од вакцината за корона вирусот.
Инфекциите се откриени кај две жени. Едната кај здрава 51-годишна жена која ја прими својата втора доза од вакцината Модерна на 19 февруари. Деветнаесет дена подоцна, таа доби позитивен тест за Ковид-19 на 10 март по развивање на симптоми. Другата инфекција е идентификувана кај здрава 65-годишна жена која ја прими својата втора доза од Фајзер на 9 февруари. Таа подоцна дозна дека нејзиниот партнер, кој не бил вакциниран, бил позитивен на Ковид-19 на 3 март, а веже наредните денови жената развила симптоми. Таа беше позитивна на вирусот на 17 март.
Експертите велат дека се очекуваат инфекции на Ковид-19 кај луѓе кои биле целосно вакцинирани, бидејќи ниту една вакцина не е ефикасна 100%.
