Економија, финансии, бизнис

Контакт

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Претседателката Гордана Силјановска Давкова во листата на лица кои добија помилување, за кои и самата денес ги нарече интересни ликови во негативна конотација, е и Живко Делиџаков од село Богородица.

Тој доби кратење на затворската казна од три месеци, но не е познато за кое дело е осуден и уште колку му останува од казната.

Како што објави денеска Фокус, тој пред неколку години заедно со Тодоро петров официјално е поднесувач на иницијатива до Уставен суд да се укине како неуставен Законот за СЈО.

Силјановска Давкова во изјава за медиумите објасни дека списокот со помилувања кој го потпишала е со ликови на кои што членовите на нејзината комисија не гледала кои се со име и со презиме, туку ги анализирала нивните дела.

Слично

Поврзани вести