„НИВНИТЕ 2,7 КИЛОМЕТРИ ОД ПРУГАТА ЗА КОРИДОРОТ 8 ЌЕ ГИ ДОПРАВЕЛЕ ДО 2030-ИНАКУ СЕГА СМЕ 2О24“: Георгиевски за бугарската министерка за транспорт
Љубчо Георгиевски преку статус на социјалните мрежи реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека дека тунелот од бугарска страна на Коридорот бр. 8 ќе биде целосно завршен најдоцна до 2030 година.
„Ја слушам министерката за транспорт на Бугарија. Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8,ќе ги доправеле "најдоцна до 2030"!?! Инаку сега сме 2024. Очигледно и на бугарската политика не им недостасува демагогија“, напиша тој.
Слично
