Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ниту за Мијалков, ниту за никој претходно: 400 „пробациски“ алки, а ниту една употребена до сега

Ниту за Мијалков, ниту за никој претходно: 400 „пробациски“ алки, а ниту една употребена до сега

Откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откри дека нема да биде под електронски надзор куќниот притвор и движењето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој од дома ќе се брани за случајот „Империја“, повторно јавноста го покрена прашањето што се случува со електронските алки на ЕУ и законот за пробација.

Иако Законот стапи на сила во ноември 2016 година, досега опремата набавена во вредност од 1,5 евра од европските фондови за примена на законот, како што се 400 алки за домашен затвор, монитори и софтвер не биле ставени во фунцкија. Ниту еден обвинет или осомничен досега не добил таква алка.

Во моментов 400 пробациски аки се конзервирани во Управата за извршување на санкции, објави Телма, а телевизијата вели дека е стигнато и предупредување од ЕУ дека ќе ги бара назад доколку не се користат.и затоа што не е донесена ниту една судска одлука за пробациски надзор.

Тие се набавени уште во 2014-та заедно со, батерии, софтвер, обучени десет лица, мониторинг-центар и три канцеларии. Системот е оперативен, но не е применуван и досега не е распишан тендер за одржување на алките и софтверот.

Со законот се уредуваат пробациските работи и постапката за извршување на алтернативните мерки условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа и куќен затвор, обврски изречени во кривична постапка согласно со закон за да се намали бројот на осуденици во затворите и да се контролира нивното движење.




Слично

Поврзани вести