Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ниту судот во Стразбур не може да го спаси Груевски од затвор?

Ниту судот во Стразбур не може да го спаси Груевски од затвор?

Ниту судот во Стразбур не може да го спаси eкс премиерот Никола Груевски од затвор за набавката на блиндираниот мерцедес и евентуални казни за изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и кинеските автопати, објави ТВ 24. Во овие три процеси(Тенк, Талир и Траекторија) аболицијата нема никакво значење. Можните казни се неизбежни дури и во случај ЕСЧП да донесе одлука дека општата аболиција од Ѓорге Иванов во 2016-та е законска. ТВ24 ги анализираше сите решенија кои ги доби од Вила Водно, потипшани од Иванов на 12 април 2016-та година. 

Поранешниот премиер и неговите најблиски луѓе тогаш Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Мартин Протоѓер се ослободени од гонење за над 100 кривични дела. Рекордер по добиена милост по дела, односно 30 е поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески. 

Слично

Поврзани вести