Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ниту од Ахмети не стигна јавна осуда на Асани

Ниту од Ахмети не стигна јавна осуда на Асани

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, по вчерашната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, мораше да одговори на новинарските прашања во врска со инцидентот во Чаир за одземање на непрописно паркирано возило од полицијата со пајак возило. 

„Не разговаравме за изолирани ситуации. Со тоа нека се занимаваат органите на правдата“, изјави кратко Ахмети по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ахмети, како и повеќето високи функционери на ДУИ не си дозволија јавно да ги осудат постапките на нивниот сопартиец Бекир Асани кој се бунтовал за одлуката на полицијата да му го отстрани со пајак автомобилот.

При инцидентот Асани вербално нападнал една полициска службеничка која како што самата вели од невнимание се удрила од пајакот и се стекнала со помала повреда на раката. 

Ахмети смета дека случајот треба да го водат надлежните институции кои можат најдобро да утврдат што се случило. 

Слично

Поврзани вести