Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИТУ ОБВИНЕТИОТ, НИТУ БРАНИТЕЛОТ НЕ КАЖАА ДЕКА БОЛЕДУВА ОД РАК - по смртта на притвореник

НИТУ ОБВИНЕТИОТ, НИТУ БРАНИТЕЛОТ НЕ КАЖАА ДЕКА БОЛЕДУВА ОД РАК - по смртта на притвореник

По веста дека притвореник починал во затворот во Скопје, се огласија од Кривичнот суд, од каде посочуваат дека притвореникот во ниту еден момент не споменал дека има сериозна болест. 

- Обвинетиот М.П е еден од 36те обвинети спрема кои е подигнато обвинение ( кодно име на предметот е “Синдром”) и истото е во фаза на оценка.

Од страна на судија за претходна постапка спрема овој обвинет кој се товари за кривични дела Злосторничко здружување од член 394 став 1 од КЗ, Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од КЗ и кривично дело Давање поткуп од член 358 од КЗ, определена е мерка притвор.

При сослушување, ниту обвинетиот лично ниту преку бранителот известиле дела боледува од рак - се посочува во нивното соопштение. 

Потоа додаваат дека за време на издржувањето на мерката притвор од страна на судот редовно и навремено истиот е спроведуван на сите потребни медицински прегледи.

- Веќе определената мерка судот може да ја промени по предлог на странките, а бранителот на обвинетиот таков предлог поднесе во петокот на 29 август.

За да може да се одлучи по истиот предлог, законот го задолжува судот претходно да добие мислење од надлежен јавен обвинител, и ова постапување е во таа фаза.

Судот изразува длабоко жалење за загубата на човечкиот живот - се нагласува на крајот од соопштението. 

Слично

Поврзани вести