Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ниту извештај објавен, ниту Котевски даде оставка

Ниту извештај објавен, ниту Котевски даде оставка

Иако беше најавено, вчерашниот ден мина без очекуваната оставка на директорот на истражниот затвор Шутка, Ѓоко Котевски, ниту пак беше објавен интерниот извештај за тоа како дошло до инцидентот со нападот над притворените поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Иако од тогаш поминаат повеќе од пет дена нема детали што точно се случувало, кој и како од затворските службеници потфрлил и кој е виновен за пропустот. Евентуално денеска на редовна владина седница може да се очекува да биде констатирана оставка на директорот Котевски.

Котевски најави дека понеделнички ќе го достави извештајот заедно со својата неотповиклива оставка, но тоа не се случи. Засега нема коментар ниту од Владата.

Единствено информации дадоа од Канцеларијата на Народниот правобранител од каде излегоа со забелешки околу постапувањето на затворската управа и затворските службеници. Тие извршиле увид во затворот а на распит бил повикан и директорот Ѓоко Котевски.

„Снимките се со лош квалитет. Се гледа физичката пресметка но не и тоа што и претходи. Видео надзорот во дворот е лошо покриен и дел од камерите не работат“, изјави Васка Бајрамовска Мустафа од канцеларијата на правобранителот.

Ристовски и Јанакиески беа нападнати од Есад Кафеџоли и Лирим Красниќи, осудени како членови на терористичката група од кумановско Диво Насеље. 

Слично

Поврзани вести