Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИТУ ИМАЛО, НИТУ ЌЕ ИМА ИЛЕГАЛНА ВАКЦИНАЦИЈА - МЗ тврди дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ лаже

НИТУ ИМАЛО, НИТУ ЌЕ ИМА ИЛЕГАЛНА ВАКЦИНАЦИЈА - МЗ тврди дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ лаже

Министерството за здравство вечерва тукушто излезе со остар демант кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тврдат дека во земјава ниту се одвивала, ниту се одвива илегална вакцинација.

„Министерството за здравство жали што најголемата опозициска партија во државата во период на воведување КОВИД вакцинација шири лажни вести, со кои ја манипулира јавноста вадејќи од контекст изјава на премиерката на Република Србија. Очигледно е дека ова монтирано видео е со единствена цел да создаде неоснована паника која може да има долгослежни поседици и врз здравствениот систем и врз колективното здравје на граѓаните. Министерството за здравство најостро ги демантира лагите денеска изнесени од страна на портпаролот на опозицискиата партија, а претходно објавени на социјалните мрежи од пратеник на истата партија. Ниту се одвивала, ниту се одвива илегална вакцинација, ниту било што поврзано со јавното здравје се прави на нетранспарентен начин. Вакцинирањето во Република Северна Македонија ќе започне во февруари. Министерството за здравство води преговори за да обезбеди вакцини по три механизми, Ковакс, директни преговори и преку солидарниот фонд на ЕУ.“, се вели во соопштението од Министерството за здравство. 

Додаваат дек Министерството за здравство и Националната техничка работна група за КОВИД вакцинација изготвиле оперативен план за вакцинација, во кој се утврдени приоритетните групи, број на потребни вакцини, пунктови на кои ќе се врши вакцинацијата. 

„Со ваквите манипулативни видеа, свесно опозициската партија сака да го потцени и оцрни трудот на здравствените работници, експерти во областа кои работат на процесот на вакцинација“, се вели во соопштението. 

Министерството за здравство бара итно да се повлече видеото, а портпаролот и пратеникот да се извинат јавно. 

„Апелираме до јавноста да не ги зема предвид лажните информации. Од почетокот на ковид кризата министерството за здравство информира точно навремено и целосно транспарентно и така ќе продолжи и понатаму. Министерството за здравство ги повикува надлежните институции секоја злоупотреба или лажна вест да биде законски санкционирана затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника“, се вели во реакцијата од Кабинетот на министерот Филипче.

Претходно, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на пресконференција рече дека „Заев и Филипче треба да им објаснат на граѓаните што значи тоа илегално носење на вакцини, веднаш да излезе Комисијата за заразни болести да каже дали и колку се безбедни овие вакцини и најважното, Јавното обвинителство да истражи дали некој од ова профитира“.

Димче Арсовски објави видео на кое, како што реше, се гледа како српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека Македонија добила илегално вакцини.

„Никој во Република Македонија не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој сѐ ги добил и колку платиле луѓето за вакцинирање преку ред и со врски тие што ги добиле? Факт е дека вакцини за населението нема и не се знае кога ќе има. Но, уште поголем факт е што Владата и Министерството за здравство не се подготвени за вакцинација на граѓаните дури и уште денес да пристигнат вакцините“, рече Арсовски.

Според него, ова е скандал од невидени размери.

Слично

Поврзани вести