Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден на новинарско прашање за проектот на Коридорот 8 истакна дека се разгледува можноста за раскинување на договорот со конзорциумот Бехтел и Енка, велат од Европскиот фронт.
„Европскиот фронт смета дека раскинувањето на договорот за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата и од витално значење за економскиот развој на земјата е неприфатлив и невозможен чин. Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот Бехтел и Енка.

Оценуваме дека ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропската Влада го реализираше.

Договорот со Бехтел и Енка е потпишан според сите законски одредби, коректен е од секој аспект и никој не може да ја оцрни неговата содржинска исправност и бенефитот што неговата реализација и го носи на државата.

Јавно прашуваме, дали е ист ставот против Коридорот 8 и на албанската опозиција “Вреди”, губитниците на парламентарните и претседателските избори?!

Досега во овие неколку дена не нарекоа “македонски албанци“, рекоа дека нема уставни измени, дека нема европска перспектива, дека Охридскиот договор ќе биде суспендиран и дека опозицијата што ги изгуби изборите нема ниеден услов за формирање на идната Влада.

Дали и лидерите на албанската опозиција ги делат овие ставови?“ велат оттаму.


Слично

Поврзани вести