„НИТУ ЕДЕН ЗБОР ЗА ЕДНА ОД НАЈТЖЕСТОКИТЕ БИТКИ ВО 2001“: Ангелов со емотивна објава 'вечна ви слава херои македонски'
Никој не ја спомна. Во текот на вчерашниот ден, но и денес до 11.00 часот, во порталите не беше напишан ниту еден ред, на телевизиите не беше кажан ниту еден збор. Ниту еден ред, ниту еден збор за една од најжестоките и најконтроверзни битки во 2001-та. Битката за Арачиново. Битка во која загинаа четири македонски синови, битка во која беа ранети десетици македонски бранители. Битка која започна на вчерашен ден, 22 јуни 2001-та а заврши неколку дена дена подоцна откако припадниците на УЧК беа извлечени од Арачиново во климатизирани автобуси.
Ова го напиша денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој долги години беше директор на Центарот за управување со кризи, но претходно припадник на воените сили, денес лидер на политичката партија Достониство.
- Вториот ден од нападот, 23 јуни 2001-та, во борбата за Арачиново бев тешко ранет. Куршумот минувајки низ моите гради го искинал долниот лобус на мојот десен бел дроб, искршил две ребра и го напуштил моето тело оставајки злокобна дупка на мојот грб. Со смртоносни рани, без третина од десниот бел дроб, со ребра заврзани со жица, осакатен, но сепак жив.
Никола Пехчевски (25),
Атанас Јанев (25) и
Александар Стојчев (30) а
Оливер Китановски (21) беше тешко ранет, почина неколку дена подоцна.
