Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИТИ СЕ СКЕНИРА, НИТИ СЕ ЗЕМА ОТПЕЧАТОК: Бугарија нема абер од воведување на новиот систем за влез во ЕУ

НИТИ СЕ СКЕНИРА, НИТИ СЕ ЗЕМА ОТПЕЧАТОК: Бугарија нема абер од воведување на новиот систем за влез во ЕУ

Од неделата официјално стапи на сила новиот систем за влез во ЕУ. Истиот требаше да започне да се применува на границите за влез во европските земји, а од нашиот регион во Грција, Бугарија, Хрватска...

Фактор денес се обиде да влезе во Бугарија на граничниот премин Ѓуешево кај Деве Баир. На прашањето дали почна примената на ЕЕС, полицаецот ни рече дека се уште се влегува на стариот начин, со печат во пасошот. Кога прашавме зошто, тој кратко ни одговори дека се уште ги немаат дигиталните скенери каде секој патник треба да биде фотографиран.

Новите правила за влез во европски земји се применуваат само на граничниот премин Бајаково во Хрватска, и за патниците впечатоците се поделени.

Додека за едни целата процедура е поедноставена, поточно пријавувањето го завршиле релативно брзо за максимални пет минути, други негодуваат дека овој систем во туристички пикови ќе создаде голем хаос.

Што евидентира новиот систем?

Новиот систем дигитално ќе ги евидентира влезовите и излезите, како и податоците од пасошот, отпечатоците од прсти и сликите од лицето на граѓаните кои не се членки на ЕУ. Наместо да им се става печат на пасошите, граѓаните ќе излегуваат од своите автомобили кога влегуваат во земјите од Европската Унија, ќе ги скенираат своите пасоши, отпечатоците од прсти и на крај своите лица.

Д.Т.


Слично

Поврзани вести