„Ништо не може да го оправда нападот врз безбедноста на дипломатските претставништва“: остра реакција од амбасадата на Франција
Амбасадата на Франција најостро го осудува нападот врз возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје на 15 јуни 2026 година, при што посочија дека изразуваат целосна солидарност со персоналот на Амбасадата на Бугарија.
- Ништо не може да го оправда ваквиот напад врз безбедноста на дипломатските претставништва, која мора да биде загарантирана во сите околности.
Во тој поглед, ја поздравуваме брзата реакција на македонските власти и преземените напори за целосно расветлување на овој инцидент.
Ги охрабруваме властите во Северна Македонија и Бугарија да работат на создавање клима на доверба во нивните билатерални односи - се нагласува во нивната објава на социјалните мрежи.
Слично
