Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИШТО БЕЗ ЈОВЕСКИ: ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата за Законот за јавно обвинителство

НИШТО БЕЗ ЈОВЕСКИ: ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата за Законот за јавно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата на која требаше да се зборува за Законот за јавното обвинителство. 

Тие бараат државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески да присуствува на разговорите за Законот за ЈО, а СДСМ не прифаќа. 

Опозициската партија ќе присуствува на средбите само ако на средбите присуствува Јовески. Треба да се договори Законот за јавно обвинителство. 

Од ВМРО-ДПМНЕ имаат два предлози. Првиот да се организира јавна расправа на која ќе присустуваат стручњаци од областа на кривичното право, а вториот предлог е и  Јовески да присуствува на овие средби. 

За министерката за првада, Рената Дескоска ова е лошо алиби. 

Средбата денеска траеше многу кратко. 

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека Јовески не може да биде заобиколен. 

Еврокомесарот Оливер Вархеји неодамна во Скопје повика да се донесе овој закон, затоа што е приоритет. 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека предлог Законот за јавно обвинителство е направен политичарите да не местат обвинители, туку да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите. 

Средба на претставници на двете партии имаше на 21 јануари. 

Слично

Поврзани вести