Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нинова вели дека Борисов не си ја завршил работата во однос на Македонија

Нинова вели дека Борисов не си ја завршил работата во однос на Македонија

Бугарската влада пропушти години за да го стабилизира исполнувањето на Договорот за добрососедство, вели лидерот на БСП, Корнелија Нинова за „Дарик Радио“.

Според неа, Владата на премиерот Бојко Борисов не си ја заврши работата со Северна Македонија уште за време на бугарското претседателство и тоа се претвори во неуспех на Бугарија во надворешната политика

„Ние како партија и како парламентарна група го поддржавме договорот. Тој беше прифатен речиси едногласно. Ги направивме сите чекори за проширување на ЕУ кон Балканот“, вели Нинова.

Бугарската власт обвинува дека не се почитува Договорот. Бугарија ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ. 

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, вели дека пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во Европската унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата, така што нивната позиција е правилна и е во согласност со европските и националните интереси, пренесе БНР.

foto bnr.bg

Слично

Поврзани вести