Нинова негира дека поради Македонија е во конфликт со Кирил Петков
Бугарската вицепремиерка Корнелија Нинова вели дека таа не е во конфликт со бугарскиот премиер Кирил Петков поради Македонија.
Кажа дека има надградба на ова со работни групи на различни теми, што според неа е добро.
„Продлабочување, проширување, поддршка на РСМ за влез во ЕУ – да, но на сметка на бугарската историја и националниот интерес – не“, рече вицепремиерката.
Таа одби да коментира за односите меѓу премиерот и претседателот Румен Радев. Во одговор на друго прашање, Нинова рече дека работата на Историската комисија е запишана во Договорот за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македониј.
„Така што не е прифатливо еднострано да се поставува ова прашање“, истакна Нинов.
Екс бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева бара Договорот за добрососедство да влезе во преговарачка рамка.
Вели дека интересот на Бугарија е Македонија да се реформира.
