Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нинова го искара Радев да не шпекулира во врска со Македонија

Нинова го искара Радев да не шпекулира во врска со Македонија

Бугарската вицепремиерка Koрнелија Нинова му порача на бугарскиот претседател Румен Радев да престане да шпекулирате на тема Македонија. 

Вели дека тој сее неосновани сомнежи на темата за Македонија и го користи патриотизмот на Бугарите за да си го подигне рејтингот.

„Сомнежите ги подгревате вие. Кабинетот не еднаш кажа: Нема да го укинеме ветото. Единствено тело што може да донесе одлука е парламентот“, додаде Нинова.

Вели дека Националното собрание е највисок орган и само тоа може да ги промени условите на договорот со Македонија. Нинова вели дека нема да го изневерат бугарскиот интерес. 

Радев кажа дека францускиот предлог е „чекор во вистинската насока, но остануваат прашањата“. Македонските власти засега се воздржуваат од коментари. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков кажа дека сам нема да носи одлука, туку таа мора да помине во Собранието. 

Слично

Поврзани вести