Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нинџа пред 5 години пукал во Кочанчанецот кој рани сограѓанин

Нинџа пред 5 години пукал во Кочанчанецот кој рани сограѓанин

Пред пет години во Кочанчанецот Драган Стоименов пукал Александар Василевски Нинџа кој е дел од групата обвинети за случајот 27 април.

Кочани го потресе вооружена престрелка вчера 15 минути по 17 часот откако по вербална расправија меѓу Драган Стоименов, со надимак Дацо Белски и Драган Здравев, викан Дач со две прострелни рани во ’рбетот и лактот заврши Здравев.

Незгодата се одвивала во кафе бар Аква а Фактор дознава дека токму оваа расправа го расипала роденденот на семејство кое требало да слави 1 роденден на дете.

По пукањето Стоименов избегал а Здравев е пренесен на скопските клиники и до последните информации во медумите не беше во животна опасност.

Дел од јавноста го познава Драганчо Стоименов и како поранешен телохранител на екс шефот на УБК Сашо Мијалков а беше и клучен сведок во случајот „Детонатор“.

Според Кочанчани и Стоименов и Здравев се познати бараби во градот кои често се дел од пресметки.

Имено, Стоименов пред повеќе од седум години преживеа неколку обиди за убиство.

Драганчо Стоименов во судница сведочеше за како што вели тортурата што ја преживувал од обвинетите во случајот „Детонатор“. Тој, со прст тогаш ги посочи шестмината обвинети Игор Горански, Сашко Стојчев, Жан Железарски, Горан Божиновски, Јорданчо Михајлов и Симеон Михаилов како главни виновници за тогашните три обиди за негово убиство, а за четвртиот обид полицијата тогаш го уапси Александар Василевски Нинџа.

Слично

Поврзани вести