Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нинџа како доказ нуди 115 аудио снимки и 20 фотографии

Нинџа како доказ нуди 115 аудио снимки и 20 фотографии

Oбвинетиот Александар Василевски- Нинџа, за настаните од 27 април лани, има 115 аудио снимки и 20 фотографии како дополнителен доказ, и вели дека со ова ќе се поткрепи неговиот исказ за настаните од „крвавиот четврток“.

Нинџа побара од обвинителството да ги достави доказите до судот и тие да бидат изведени, но јавноста да биде исклучена. 

„За поткрепа на мојот исказ при моето предавање на судија на претходна постапка до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција доставив листа на докази од кои и УСБ со 115 аудио снимки и фотографии. Барам обвинителството да ги достави до судот и да се дозволи да бидат изведени, по можност со исклучок на јавноста“ – изјави Александар Василевски – Нинџа.

Од обвинителството одговорија дека не се запознаени дали снимките се доставени до нив. 

Судијката Добрила Кацарска и посочи на обвинителката да провери дали доказите се кај нив и да ги достават до судот за тој да се изјасни дали ќе ги прифати или не.

Слично

Поврзани вести