Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нина Цаца Билјановска „заработи“ кривична пријава

Нина Цаца Билјановска „заработи“ кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против екс директорката на Клиниката за дерматологија,  Нина Цаца Билјановска. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. 

Таа влегла во земјава на 29 февруари од Италија, а дека е заразена со коронавирусот е потврдено на 8. март. Во меѓувреме не ги почитувала препораките за изолација, и одела на работа, па дури била и на симпозиум.

Кривични пријави добиле уште неколку лица кои не ги почитувале препораките.

Откако била заразена и доаѓала на работа, директорката беше разрешена од функцијата. 

За неа имаше многу реакции во јавноста. 

Во меѓувреме, бројот на заразени во земјава се искачи на 42. 

Слично

Поврзани вести