Нина Ангеловска и Зоран Заев со заедничка фотографија на одмор
Покрај претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и министерката за финансии Нина Ангеловска летува во преспанското село Брајчино откако објави заедничка фотографија со лидерот на владеачката партија.Министерката напиша на социјалните мрежи дека има потекло од овој крај.
„На 230км од Скопје, во подножјето на Баба планина е лоцирано најдалечното село од Скопје - прекрасното Брајчино.
Не само поради тоа што многу лета како дете ги поминував тука во родното место дедо ми и баба ми -пионер во селски туризам од 80тите, или поради тоа што тука го открив вкусот на шумските јагоди, учев да месам зелник, да нижам пиперки, да правам слатко, домашен ликер, туку поради тоа што навистина има што да понуди буквално за секого - Плажите на Преспанското езеро во Претор, Дупени, Крани, Сливница се на неколку километри, љубителите на планина со час-два пешачење може да ја истражуваат недопрената природа и реките низ планините, за 5-6 часа планинарење може да се качите на Големо Пелистерско Езеро на 2218м надморска височина... неколку автентични цркви со посебна душа.
За овие убавини кои ги нуди нашата татковина, за големиот потенцијал на селскиот туризам разговаравме со Зоран Заев“, напиша Ангеловска на Фејсбук.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук пред три дена сподели фотографии од ореспанското село Љубојно, каде што летува пред да започнат преговорите за составување на Влада најавени по празникот Илинден откако завршија предвремените парламентарни избори.
Поради пандемијата на коронавирусот, македонските граѓани, па дури и политичарите, се ограничени за патување во странство. Повеќето се принудени одморите да ги поминат во земјава.