Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нина Ангеловска и Хисен Џемаили изгласани за нови министри во Владата

Нина Ангеловска и Хисен Џемаили изгласани за нови министри во Владата

Собранието денеска по два дена дискусија на 110-тата седница ги изгласа Нина Ангеловска, Хисен Џемаили, Кирил Колемишевски, Елизабета Наумовска и Неџад Мехмедовиќ за новите членови на Владата. Ангеловска е изгласана со 64 гласови „за“ и 18 „против“.

- Имаме една млада министерка, која иако годините и се малку, за неа и за министерот во ваква форма на две кандидатски решенија, треба да размислат и опозициските пратеници. Вака формулирани двајца кандидати за министри нашиот народ сака да ја види власта и опозицијата сплотено да гио изгласаат се додека заврши мандатот на оваа Влада

Собраниската дебата пред гласањето траеше два дена во кое главниот фокус на опозициските пратеници беше Ангеловска, основачот на „Групер“, со главни забелешки дека е млада и неискусна во политиката, дека не ја претставила својата визија за тоа што ќе работи чуварот на државната каса и за тоа дека ќе биде под влијание на „главните играчи во Владата“.

Ангеловска треба да ја наследи функцијата на Драган Тевдовски кој не е министер за финансии по реконструкцијата на Владата во јуни. Хисен Џемаили беше предложен за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима. Кирил Колемишевски беше предлог за заменик-министер за економија,  Елизабета Наумовска за заменик-министер за образование и наука, а Неџад Мехмедовиќ за заменик-министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.


Слично

Поврзани вести