Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нимиц убедува дека тоа што го предлага не навлегува, туку го зајакнува идентитетот на Македонија

Нимиц убедува дека тоа што го предлага не навлегува, туку го зајакнува идентитетот на Македонија

Пакетот предлози кој посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц им го дал на надлежните а кој е напишан на 4 страници, вели дека не навлегува во идентитетот, туку  напротив го зацврстува и зајакнува идентитетот на државата и на народот. 

„Од мојата комуникација со луѓето во вашата земја, сметам дека имаат многу силен идентитет, кој го поседувате многу години. Независни сте 25 години, но имавте идентитет и кога бевте дел од Југославија, имавте идентитет кога бевте дел од Кралството Србија и од Отоманската империја” посочува Нимиц.

Тој во последното интервју за Сител покажува голем оптимизам кој  го објаснува со промена на целата ситуација, излез на Атина од кризата и новата Влада во Скопје, која како вели изгледа е посветена на решавање на проблемот.

Медијаторот вели дека со пакетот кој им го доставил на претставниците на Македонија и на Грција идентитетот е безбеден.

Слично

Поврзани вести