(ВИДЕО) НИМИЦ: Состанокот беше тежок и на моменти тензичен
Преговарачите за спорот со името министрите Димитров и Коѕијас заедно со медијаторот Нимиц после 6 часа разговори излегоа и кажаа дека само се разговарало. Не се соопштија речиси никакви детали дали денес е постигнато некакво решение и дали има конкретен напредок.

„Можам да го карактеризирам состанокот како доста тежок и на моменти тензичен а министрите за надворешни работи на Македонија и Грција ќе ги информираат своите премиери пред нивната средба на 17 овој месец во Софија“, кажа медијаторот Нимиц по завршената средба со Димитров и Коѕијас во грчкото место Сунио.
Нимиц спомена дека имало и позитивни моменти, но сепак не кажа ништо за што е разговарано, преговарано или договарано.
Димитров и Коѕијас не дадоа изјава за медиумите .
ФОТО: ФАКТОР
