НИМИЦ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ: Што очекува од средбите?
Посредникот на Обединетите Нации за спорот за името, Метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје изрази надеж дека ќе има добри средби со македонскиот политички врв, како што имал и во Атина.
„Имавме добри средби во Атина. Се надевам дека ќе имаме добри средби тука“- кажа медијаторот Нимиц.
Нимиц утре ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на ДУИ, Али Ахмети.
Дел од политичките партии во Грција се спротивставуваат сложеното име да го содржи терминот „Македонија“. За в недела во Атина е најавен нов протест.
Слично
