Нимиц пораките од Атина денес ќе им ги каже на Заев, Иванов, Димитров и партиските лидери Мицковски и Ахмети
По посетата на Атина, медијаторот Нимиц денеска со пораките ќе излезе на средби со државниот врв.
На агендата за средби денес се премиерот Зоран Заев, шефот на државата Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Нимиц ќе има средби и со лидерите на партиите Мицковски од ВМРО ДПМНЕ и Али Ахмети од ДУИ.
Кратката порака која Нимиц ја кажа вчера по пристигнувањето во Скопје, е дека очекува добри разговори како и во Атина.
Слично
