Нимиц: Не наидов на ништо кај грчката страна што го негира идентитетот
Не наидов на ништо кај грчката страна што го негира идентитетот на народот тука и верувам дека решението кое што е можно е во согласност со заштитата и дури и зајакнување на прашањето за идентитетот, изјави медијаторот Метју Нимиц.
„И затоа сум голем оптимист. Има разлики меѓу двете земји, но од Атина не слушнав негирање на идентитетот“- рече Нимиц.
Што се однесува до прашањето за јазикот, како што рече Нимиц, некои од тие прашања се предмет на дискусија.
Медијаторот повтори дека сега е вистински момент за решавање на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција, откако, како што рече, ги слушнал мислењата на двете страни, на денешните средби со политичките лидери во Скопје и при вчерашната посета на Атина.Министерот за надворешни работи, Никола Димитров нагласи дека идентитетот не може да биде предмет на преговори, затоа што така никогаш би немало решение.
Димитров рече дека денеска со медијаторот детално разговарале за идеите кои тој ги претстави во последната рунда преговори во Њујорк.
Инаку, граѓани вчера на протест побараа да се повлече Нимиц затоа што спорот за името е наметнат.
