Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нимиц: Мојата работа е завршена, им благодарам на премиерите што ми го разубавија роденденот

Нимиц: Мојата работа е завршена, им благодарам на премиерите што ми го разубавија роденденот

Ми беше чест што бев медијатор и што сега можам да го потпишам овој договор, мојата работа е завршена, изјави свечено на крајот медијаторот Метју Нимиц, кој безмалку три децении посредуваше во спорот за името помеѓу Македонија и Грција. Посредникот од ОН не кажа децидно дали сега заминува во пензија, но рече дека премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев му го разубавиле роденденот во Преспа со потпишувањето на договорот.

- Беше долг и тежок процес, но договорот е чесен и справедлив, а може да послужи и во светската наука како може да се решаваат спорови. Денес ми е роденден, но не ми треба подарок, најголемиот ми го дадоа двајцата премиери - изјави Нимиц.

Слично

Поврзани вести