Нимиц: Македонија го заврши својот дел, сега на ред е Грција
Во изјавата дадена во Њујорк, Метју Нимиц, специјален олеснувач назначен од ОН во спорот со името е убеден дека ќе се спроведат следните чекори од Преспанскиот дговор.
Во соопштението објавено во неделата во Њујорк, тој го коментираше известувањето од страна на македонската влада со кое ја информира грчката страна дека го има завршено својот дел од неопходните уставни процедури за стапувањето во сила на Преспанскиот договор.
"По известувањето на Скопје за уставните измени и правни постапки за влегување во сила на договорот, се очекува од страна на Грција истото да се испита и да се продолжи со ратификацијата на договорот. Очекувам завршување на процесот кој се бара од двете страни на овој договор" , вели Нимиц, кој помогна на 17 јуни 2018 година во потпишувањето на Преспанскиот договор.
Во изјавата се заклучува, ОН како и во минатото останува посветена на соработката со двете страни за ставање крај на разликите меѓу нив.
Метју Нимиц, американски дипломат од Њујорк, посредуваше во разговорите меѓу Грција и Македонија од 1999 година, како специјален пратеник на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, во тоа време. Нимиц, беше вклучен во преговарачкиот процес меѓу Грција и Македонија од март 1994 година
