Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИМИЦ ИСПРАТИЛ ПИСМО ДО СКОПЈЕ И АТИНА: Што бара од двете страни?

НИМИЦ ИСПРАТИЛ ПИСМО ДО СКОПЈЕ И АТИНА: Што бара од двете страни?

Посредникот на ОН, Метју Нимиц им испрати писмо на Скопје и Атина во кое ги заокружува резултатите од преговорите во Виена. 

Како што објави грчка Алфа, Нимиц во писмото стои дека најголема пречка во ова фаза од преговорите се уставните измени.

„Атина тоа го става како основен предуслов за постигнување договор, но Скопје продолжува да го чува македонскиот идентитет, јазикот и Уставот. Во однос на спорот, основна линија на грчките преговори е новото име да се користи внатре и надвор од државата и тоа да се рефлектира и во измени на Уставот на БЈРМ“- се наведува во писмото на Нимиц. 

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас веќе ја почна балканската турнеја со посетата на Приштина и Белград. Останува да се види дали на средбата во Охрид двајцата министри ќе имаат храброст да ги надминат разликите околу уставните измени, односно да го направат „големиот чекор“ кон решението.

 Шефот на парламентарната група на Сириза, Димитрис Пападимулис истакна дека ова историска можност треба да се искористи.

„Не треба да ја изгубиме можноста да го решиме овој проблем. Сега со Владата на Заев се отвори прозорец на можности. Тешкотии постојат, затоа овој проблем остана нерешен 25 години, и времето работи на товар на интересот на земјата. Во наш национален интерес е да најдеме решение на ова прашање“- вели Пападимулис.

Пападимулис објасни дека со затворање на проблемот Грција ќе има и економска корист, особено во северниот дел на земјата, но и ќе може да се фокусира на проблемот со Турција.

Слично

Поврзани вести