Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нимиц: Двете страни се посветени на постигнување решение

Нимиц: Двете страни се посветени на постигнување решение

Медијаторот Метју Нимиц по попладневната заедничка средба со министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Виена изјави дека имале интензивна дискусија. 

Тој рече дека двете страни покажале меѓусебна почит.

„Двете страни се посветени на постигнување решение и процесот ќе продолжи во следните недели“- изјави Нимиц по средбата што се одржа во канцеларијата на ОН во Виена.

Димитров и Коѕијас по средбата не дадоа изјави за медиумите.

Последната средба на Димитров и Коѕијас беше на 12 април во Охрид, а како што соопштија по состанокот, разговарале за првпат за временската рамка и за чекорите, за кои ако се постигне решение, како тоа ќе изгледало и како ќе се имплементирало. Заклучокот тогаш беше дека останале уште неколку спорни, но најтешки точки.

Слично

Поврзани вести