Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЛСКИ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА БЕКТЕШИ: Дали тоа значи дека Крешник на Ахмети му подготвува свилен гајтан?

НИКОЛСКИ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА БЕКТЕШИ: Дали тоа значи дека Крешник на Ахмети му подготвува свилен гајтан?

ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа фрлената ракавица на министерот за економија, Крешник Бектеши од ДУИ кој денеска предложи партиите кои ќе изгубат на претстојните избори да се повлечат од политиката. За ова информираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Но, Николоски рече дека изјавата на Бектеши отвора дилеми. 

„Дали тоа значи дека Крешник на Али Ахмети му подготвува свилен гајтан? А можеби Бектеши е кандидат за лидер на ДУИ, имајќи предвид дека ДУИ ќе ги загуби изборите и дека нема да биде во состав на новата влада. Добро е, секако, да се знае дека Бектеши има лидерски амбиции. Ако е така, тогаш раководството на ДУИ ќе се сели таму откаде што е Бектеши, во Кичево“, рече Николоски. 

Oд опозициската коалиција ВРЕДИ кажаа дека ја прифаќаат фрлената ракавица и ѝ порачаа на ДУИ да потпишат изјави на нотар дека тој што ќе изгуби никогаш повеќе да не се занимава со политика.

Бектеши кажа дека Али Ахмети не изгубил и нема да изгуби избори. 

Слично

Поврзани вести