Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски вети многу скоро деблокирање на Собранието

Николовски вети многу скоро деблокирање на Собранието

Имаме и план и стратегија и многу скоро мнозинството во парламентот ќе ја преземе обврската и одговорноста и за избор на претседател на Собрание, и за избор на новата реформска Влада, изјави пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тој вели дека СДСМ ја има обврската како мнозинство тоа да го направи. Вели дека тоа е во интерес на граѓаните. 

„Имаме мнозинство, имаме поддршка од  67 пратеници и наскоро ќе го избереме претседателот на Собранието и ќе ставиме крај на блокадата на демократските процеси. Никој не може да не спречи во намерата, затоа што тоа го очекуваат 700.000 граѓани кои ни ја дадоа довербата“- изјави Николовски. 

Николовски додаде дека поради блокадата на Собранието, земјоделците не можат да земат субвенции и за Велигден остануваат без пари. 

Нагласи дека новата Влада ќе спроведе реформите во земјоделството и ќе ги преиспита сомнителните тендери за распредлба на земјоделско земјиште и селективната распределба на субвенции.

Слично

Поврзани вести