Николовски тврди дека секој ден е можен изборот на спикер
Пратеникот од СДСМ, Љупчo Николовски вели дека секој ден е можен изборот на претседател на Собранието.
Со тоа СДСМ и партиите на Албанците ќе бидат поблиску до формирање на Влада и веднаш ќе бидат закажани локалните избори.
Тој не негираше дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети имаат средби.
„Парламентарното мнозинство нема да дозволи никој да си поигрува со граѓаните. Тие дадоа мандат за нова реформска Влада. Имаме план и стратегија, посветено работиме на планот, но не можеме да го кажеме пред јавноста. Со нашето трпение работиме да се избегне конфликт кој го посакуваат другите“- вели Николовски.
Николовски додаде дека новата реформска Влада ќе ги исплати субвенциите на земјоделците и дека оваа помош од државата ќе биде зголемена.
По 15 мај ќе бидат доведени во прашање и платите на наставниците и професорите во општините, наведе пратеникот.
