Николовски тврди дека фирми блиски до власта незаконски добивале тендери
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски денеска објави документи за нов тендер во вредност од 25 милиони евра што го добиле фирмите добиле „Трансмет“ и „Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс АД“, каде што Михаил Цветков во исто време бил член на одборот на директори и министер.
„Тендер политиките на наградување на своите миленици од страна на власта немаат крај. До денес не ни е доставен одговор на нашето барање за увид во документацијата каде нов тендер повторно добиле „Трансмет“ и „Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс АД“, каде што Михаил Цветков во исто време бил член на одборот на директори и министер“ - вели Николовски.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12 декември лани преку Бирото за јавни набавки објавило оглас за изградба на брана Речани на Оризарска река – општина Кочани.
Во Законот за јавни набавки во членот 26-а, став 2, постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка, започнува врз основа на одобрение кое го издава Владата на Република Македонија.
